Secret sauce that brings YouTube followers, views, likes
Get Free YouTube Subscribers, Views and Likes

МАЛЕШЕВКА (Ј. Блажевски – С. Митев / В. Терзиски / орк. Д. Илиевски)

Follow
NU Tanec

ФОЛКЛОРНОКЛАСИЧНА СИМБИОЗА
14.12.2023
ТАНЕЦ и НАЦИОНАЛНА ОПЕРА И БАЛЕТ
За прв пат во македонската понова историја, Танец и Националната опера и балет ќе прозвучат заедно, со повеќе од 130 учесници на сцена, во заедничка изведба на симфонизираните антологиски кореографии „Осоговка“, „Малешевка“, „Жетварка“, „Пиринско пролетно цвеќе“, „Водарки“, како и многу други македонски орски и вокални мелодии од богатиот репертоар на Танец. „Фолклорнокласична симбиоза“ е заеднички проект на големите ансамбли на Танец и Националната опера, замислен како музичка фузија на две различни традиции класиката и фолклорот, вешто преточена во новите аранжмански партитури на Дарко Илиевски (истакнат инструменталист, автор и раководител на оркестарот на Танец). Македонската јавност и македонската музичка култура во целост, ќе добијат во наследство уште едно комплексно дело со врвен уметнички израз, кое на достоинствен начин го чува и унапредува македонското музичко творештво. Овој музичкосценски спектакл се одвива под диригентската палка на маестра Бисера Чадловска, концертмајстор е Верица Ламбевска, а хормајстори Ѓурѓица Дашиќ и Гоце Цоневски.

НУ ТАНЕЦ
мр Мартин Вучиќ, директор
мр Бранка Костиќ – Марковиќ, уметнички раководител на сценскоуметничка дејност
мр Дарко Илиевски, уметнички раководител на оркестар
мр Гоце Цоневски, уметнички раководител на хор
Јовица Блажевски, уметнички раководител на играорен кор

Весна Митоска, асистент на играорен кор:
Светлана Ќириќ, стручен соработник во сценскоуметничка дејност

НУ НАЦИОНАЛНА ОПЕРА И БАЛЕТ
мр Васо Ристов, генерален директор
мр Дејан Прошев, уметнички раководител на опера
мр Олга Панго, уметнички раководител на балет
Бисера Чадловска диригент
Ѓурѓица Стојчевска Дашиќ хор мајстори

Горан Кочишки, раководител на сценска техника
мр Евица Тасеска Каранфилова, програмски раководител
Бурхан Дибрани, раководител на сектор маркетинг

ПРОДУКЦИЈА
Тонмајстор: Љупчо Соколовски
Сценска расвета и звук: ДВД Рентал
Снимање, монтажа и продуција: Мунлајт ТВ и филмска продукција

Проектот е поддржан од Министерство за култура на РС Македонија

posted by kuisehc