Rock YouTube channel with real views, likes and subscribers
Get Free YouTube Subscribers, Views and Likes

Мики Секуловски: Колку пари ти бараа за да победиш на Гранд?

Follow
ZaSe Makedonija

Оваа недела зборуваме за младите револуционери, некогаш се креваше востание со пушка во рака, но денешните тоа го прават со микрофоните. Освојуваат сѐ и добиваат признанија, но никако да издоминираат, зошто е тоа така?

Ги прашуваме Барбара Ракичевиќ, Мики Селуловски, Омар Џаферовски и Лара Иванова. Како млади пејачи тие ќе откријат колку и дали имаат поддршка од своите постари колеги на македонслата естрада, некаков совет, било каква критика или поддршка како не пример да бидат дел од нивните концерти?

Што е поважно за нив, дали славата или парите и дали парите си доаѓаат со славата или не? Лара смета дека славата е потребна но само доколку е заселужена, со славата вели она треба да се носиме стабилно, да не летаме во облаци и никогаш да не се заборави кој бил тука на почетокот.

Тие се пејачи кои не би пееле секаква музика, не по секоја цена и велат дека би пееле гратис само за луѓе што им се блиски и драги, секој друг што ќе побара такво нешто може да биде сфатено како навреда бидејќи така не се цени нивниот труд. Според Барбара Ракичевиќ треба да се разграничи што е тоа народна музика и кои песни спаѓаат во неа. Во денешно време тој жанр е малку измешан, се согласуваат сите.

Мики Секуловски, иако не сака да пее народна музика, тој признава дека таа музика ги носи парите. Нашите пејачи би пееле повеќе македонска забавна музика на своите свирки кога публиката би го барала тоа, но сведочат дека дека тоа не е така, поддршката од публикара за тоа ја немаат, вели Ракичевиќ.

Сепак, мисијата на Лара е да твори своја музика и со неа да го полни својот репертоар.

Омар, пак, вели дека слабата реакција на публиката кога се пеат македонски миксови на ноќни свирки ги тера пејачите да се откажат од истата. Публиката повеќе регира на народната музика и тоа не наша, затоа свирките изгледаат така.

Гледајте „Нешто конкретно“ секоја недела во 17:00 часот на Телма.



Мики Секуловски: „Факт е дека народната музика носи пари“

Барбара Ракичевиќ: Би пееле македонска музика кога публиката би сакала да ја слуша!

Лара Иванова: „Мисија ми е да си правам своја музика“

Мики Секуловски: „Пејачи што не знаат да пеат, а пеат турбофолк заработуваат повеќе од мене“

Омар Џаферовски: „Денешните луѓе се промовираат со скандали, а не со квалитети за жал“

posted by embamsfofp1